Годишен извештај на „АлоБушавко“ – нарушеното ментално здравје кај децата во пораст
Давид Крстевскиаприл 24, 2025 12:17 pm
Три обиди за самоубиство кај деца имало лани поради страв, вознемиреност, гнев. Годинава само во првото тримесечије има пет такви случаи. Загрижувачки податоци сподели Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. Малолетниците кои помислиле да си го одземат својот живот, побарале помош преку линијата „Ало Бушавко“.
Главни причини за ваквите состојби на децата се нарушени односи меѓу родителите, особено по разводот, булингот или тензии меѓу ученици и наставници. Над 200 деца побарале помош лани од „Меѓаши“. Најбројни биле оние на возраст измеѓу седум и девет години, од кои поголемиот број биле машки.
Од „Меѓаши“ алармираат дека треба поголема посветененост од општеството за менталното здравје на децата и младите, бидејќи тоа е еден од најгорливите и најважни предизвици на современото време. Чувствата на детето не треба да се занамеруваат и стигматизираат, зошто тоа може да има долгорочни последици.