Солунски патрдии е телевизиска серија снимена во 1985 година во продукција на ТВ Скопје.
Серијата е снимена според истоимената драма на Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски која пак е напишана според делото на Марин Држиќ, Дундо Марое.
Дејството се одвива во Солун. Серијата ги прикажува случките на Цанде, син на прилепскиот аџија, кој го мами својот татко и му зема 3000 алтани за трговија. Истиот парите ги користи за подароци и сладок живот кај љубовницата Фатиме. Заплетот се случува кога во Солун доаѓаат неговиот татко, Аџи Јанкула и слугата Секула да го бараат Цанде. Аџи Јанкула се здружува со Итар Пејо слуга на Јашар бег кој копнее по љубовницата на Цанде - Фатиме.